Центар за култура „Григор Прличев“

Од 27.03.2023 - 20:00 до 27.03.2023 - 22:00

По повод Светскиот ден на театарот на репертоарот повторно хит претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски во понеделеник, 27 март со почеток во 20.00 часот.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Картите по цена од 200 денари може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, без резерваци.

OhridNews