По пожарите и обилните дождови кои предизвикаа поплави, југоисточниот дел од Австралија деновиве го погоди и песочна бура и силен град. Ден по песочната бура, при што дуваа ветришта со брзина до 100 км/час, врз југоистокот на Австралија се истури град со големина на топчиња за голф, кој оштети многу автомобили и ги оштети дрвата.

Градот особено го погоди Камбера. Во изминатите 24 часа за помош на спасувачите им се обратиле повеќе од 1.500 луѓе, а речиси илјада од нив биле поврзани со оштетувања на објектите поради стихијата.

Истовремено во Викторија, Јужна Австралија и Тасманија продолжуваат да беснеат шумски пожари.

OhridNews

фото: 9news