По празникот смена на директорската позиција во ЈП „Билјанини извори“
31.07.09 07:30
По Илинденските празници ќе биде извршена смена на раководната позиција во јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и паркинзи „Билјанини извори“. Како што неофицијално дознаваме решението за смена на актуелниот вршител на должност Иван Цветкоски веќе било потпишано од градоначалникот Петрески, а негово место ќе го заземе Илче Каневче – кадар на ВМРО НП.
Иван Цветкоски беше на чело на новото јавно претпријатие во изминатата година и мошне успешно ја извршуваше раководната функција. Во неговиот кус мандат беа реализирани повеќе спортски проекти, арената „Билјанини извори“ и спортскиот центар добија нов лик и содржини а успешно беа организирани едно сениорско Европско првенство во ракомет за жени, младинско светско првенство во ракомет и јуниорско ЕП во женска конкуренција.
Како што дознаваме Цветкоски и натаму ќе остане во ЈП„Билјанини извори“ и ќе биде распореден на друга функција.
Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот т...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на т...
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемува за два денари, додека на останатите енергенси остануваат непроменети, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика Со оваа Одлука ЕУРОСУПЕР Б...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.