По големиот верски празник Богојавление-Водици и манифестацијата „Денот на рибарите“, екипите на охридските јавни претпријатија го уредија централното градско подрачје.

Од градското пристаниште отстранети се тезгите на кои се делеше греена ракија и вино, бината на која продефилираа охридските музички творци, односно украсите на просторот долж улицата „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и лизгалиштето на мраз.

Исто така, отстранети се мобилните јавни тоалети, кои за време на празниците беа лоцирани непосредно до НУ Градска библиотека и во близина на хотелот Палас.

O.T.