
Како што соопшти партијата, во телефонскиот разговор, еврокомесарот Хан најавил изјава за понеделник, во која и лично ќе ги потврди денешните констатации наведени во писмената изјава на Европската комисија.
– Од особено значење е што Европската комисија потврди дека на 10-ти јуни во Брисел ќе се одлучува за организирање Влада која ќе ги подготви изборите, стои во соопштението, јавува „Телма“.
Според СДСМ ваквите ставови на еврокомесарот Хан и Европската комисија отвораат можност за одржување на средбата предвидена за 10-ти јуни во Брисел. Во продолжение, интегралното соопштение од СДСМ:
-Попладнето, по барање на еврокомесарот Јоханес Хан, беше остварен телефонски разговор помеѓу него и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Во разговорот, комесарот Хан јасно и прецизно ги потврди наводите на ОБСЕ/ОДИХР за неадекватна раздвоеност на државата од партијата, наводите за заплашувања врз гласачи, медиумска пристрасност во полза на владеачките партии и загриженоста на ЕК околу точноста на Избирачкиот список.
Дополнително, тој ја потенцираше потребата за истрага на содржината на објавените разговори, вклучувајки ги и тие поврзани со изборна измама.
Сето ова е јасно прецизирано и во попладневното соопштение испратено од Европската комисија.
Во телефонскиот разговор, еврокомесарот Хан најави изјава за понеделник, во којашто и лично ќе ги потврди денешните констатации наведени во писмената изјава на Европската комисија.
Од особено значење е што Европската комисија потврди дека на 10-ти јуни во Брисел ќе се одлучува за организирање Влада којашто ќе ги подготви изборите.
Ваквите ставови на еврокомесарот Хан и Европската комисија отвораат можност за одржување на средбата предвидена за 10-ти јуни во Брисел.-се вели во соопштението на СДСМ.
OhridNews
извор:„Телма“










