Во наредните неколку денови ќе бидат расчитени дивите депонии долж булеварот „Туриситчка“, како дел од акцијата која ја спроведуваат Општинскиот инспекторат и ЈП „Охридски Комуналец“.
Како што информираат од Општинскиот инспекторат, ќе се чистат и местата кои се обрасната со трева и трња, односно локациите кои го нагрдуваат ликот на градот.
Оттаму напоменуваат дека Општинскиот инспекторат работи во две смени, а започнато е со санкционирање на граѓаните и приватните лица кои ја загадуваат околината.
Инаку, граѓаните на неколку наврати преку OhridNews реагираа на новоникнатите депонии долж булеварот „Туристичка“, како и во периферните делови на градот.
OhridNews
Фото: Мини-депонија на булеварот „Туристичка“
Фото: Нова мини-депонија во Далјан дело на несовесни поединци
Мини-депонии на приватни имоти ја нагрдуваат сликата за Охрид