Група коњаници, членови на коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ денеска го почнаа маршот во чест на празникот Илинден. Годинава, седми пат ќе поминат пат долг околу 200 километри по маршрута по која било пренесено првото црешово топче, од Бигорскиот манастир до илинденско Крушево.
Според планот, на 2-ри август, со останатите учесници од други краеви на Македонија, ќе се приклучат на прославата на Мачкин Камен близу Крушево.
Годинашниот седми коњанички марш го организира здружението на граѓани „Бигорски манастир-патот на црешовото топче“ во чест на дел од историјата на Македонија кога монаси и локално население испраќале помош за востаниците и изработувале топчиња.
OhridNews