
Настанот традиционално се организира во чест на последниот концерт на Тоше кој беше одржан на Градскиот стадион во Скопје на 5 октоври 2007 година.
Од фан клубот на Тоше велат дека целта на настанот е „сите заедно да се присетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година, на 26-годишна возраст.
Најпознатиот македонски пејач беше и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена.
OhridNews
извор:„Макфакс“












