Годинава по шести пат ќе се одржи манифестацијата „Сајт на годината“ на која ќе се изберат најдобрите интернет медиуми во Македонија. Пријавувањето на сајтовите е веќе започнато  и истото ќе се одвива до утре 19-ти ноември 2015 година. Најдобрите сајтови ќе бидат прогласени на 14-ти декември 2015.

Mанифестацијата „Сајт на Годината“ ја организира на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk.

Изборот на Сајт на годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија, информираат организаторите.

Веб сајтовите кои учествуваат во избор за Сајт на Годината, може да бидат пријавени од секој интернет посетител преку формата за пријавување, или од страна на жири комисијата. Секој интернет посетител може да пријави минимум еден сајт во една категорија или по еден сајт во сите категории.

За оваа година сајтови може да се номинираат во следните категории:Најдобар сајт за 2015 година; Најдобар дизајн; Забава; Спорт; Вести и информации; Е-трговија и огласи; Храна и здравје; Мода и убавина; Автомобилизам; Образование, наука и култура; Најдобар блог; Најдобар мобилен сајт; Владини/државни институции; Невладини организации; Туризам и угостителство; Бизнис/корпоративен; Финансиски услуги, банкарство и осигурување; ИТ и електроника и Најдобра Фејсбук фан страница.

И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 24-ти ноември 2015 година и ќе трае до 9-ти декември 2015 година.

OhridNews