Во Црна Гора, по силниот земјотрес што се случи утринава кај Никшиќ, регистрирани се 30 послаби земјотреси од 3,5 до еден степен според Рихтеровата скала, изјави раководителката на Одделението за анализа и обработка на податоци при Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија, Милена Томановиќ.

Ова е земјотрес што се случи во пограничното подрачје на Црна Гора и Босна и Херцеговина, тоа е сеизмогената зона Билеќа и Пива, рече Томановиќ на прес-конференција.
Според неа, очекувано е ваков вид земјотрес со јачина од 5,3 степени да се почувствува и на поширокото подрачје.
Зборувајќи за последователните земјотреси, Томановиќ рече дека не можат да предвидат дали може да се случи нов земјотрес со иста или поголема јачина.
Имавме 30 последователни земјотреси, со јачина од 3,5 до еден или 1,5 степени, рече Томановиќ.
Таа нагласи дека серијата земјотреси од утринава покажала дека дошло до будење на сеизмичка активност.
OhridNews
фото. МИА/ЕМСЦ











