Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд во пониските и снег на повисоките места, информираат од УХМР Македонија.

Во Охрид денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а максималната дневна температура ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Слично време не очекува и утре, а разведрување и сонце ќе има од среда.

OhridNews