Хрватскиот метеоролошки завод издаде предупредување дека во среда се очекува студен бран кој може да биде многу опасен за здравјето на луѓето. Алармот е вклучен за четити хрватски града: Загреб, Карловац, Госпиќ и Сплит. Според хрватските медиуми, вакво предупредвање досега не било издадено.

Како што известуваат хрватските медиуми, за во среда се најавуваат екстремно ниски температури какви што немало зимава. Жителите на Загреб ќе се пробудат на температура од -17 степени, додека во Вараждин, Карловац и Плитвице температурите ќе паднат до –18.

OhridNews

Макфакс