Поголема количина градежен отпад за кој пред извесно време информиравме дека подолг период стоеше на брегот на Охридското Езеро кај месноста “На дол” во Трпејца, денес беше подигнат од страна на екипи на ЈП „Охридски Комуналец“.
Од претпријатието информираат дека е постапено по пријава во Општинскиот инспекторат, кој по извршениот увид издал налог вреќите со градежен отпад да се подигнат и соодветно да се депонираат.
На 31 јануари екипите на Охридскиот инспекторат излезени се во контрола и направен е записник дека не е постапено по претходниот записник, со што се покренува постапка во рамки на Законот. Денес екипите на ЈП Охридски Комуналец – Охрид се излезени на терен со вкупно 21 вработен и цела расположлива механизација со цел да се расчисти „депонијата” од градежен шут во областа” На дол” (с.Трпејца) на самиот брег на Охридското Езеро, велат од претпријатието.

OhridNews












