По информацијата објавена на OhridNews за таложењето на алги во плитките води на кејот, Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид со работна сила го расчисти крајезерскиот дел пред хотелот „Палас“.

Дополнително утрово со механизација Комуналец ги отстрани наносите од талог на потегот пред хотел ”Милениум”. Овoј талог се јавува како резултат на нискиот водостој на Охридското Езеро и поради скапување на езерските алги. 

Во акцијата биле отстранети 30 метри кубни талог и алги.

OhridNews

Алгите во Охридското Езеро процветаа во октомври