Со соодветна механизација, по налог на Локалната самоуправа, денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го уредуваат просторот кај поранешната зграда на МРТВ.
Просторот за кој неодамна пишуваше OhridNews, кој со години е запуштен со искршени прозорци, исчкртани ѕидови и уништена фасада, претставува собиралиште на бездомници и зависници од дрога. Жителите долго време апелираат да се интервенира и да се уреди овој простор, кој според најавите конечно ќе добие урбан изглед. Денеска таму се сечат гранките од дрвјата и се чисти дивата депонија.
Од понеделник екипи на Ј.П. „“Нискоградба“ ќе поставуваат столпчиња со кои ќе се обележи паркот кој хортикултурно ќе го уредува работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“. Простосорот, дополнително ќе биде и осветлен, односно ќе се врши замена на светилките и интервенција на инсталациите на столбовите за улично осветлување, информираат од Локалната самоуправа.
Локалната самоуправа најави дека континуирано ќе продолжи со активностите кои се однесуваат на комуналната уреденост, изградбата и реконструкција на инфраструктурни објекти, јавната хигиена, водоснабдувањето, заштитата на животната средина се додека Охрид не биде уреден според светски стандарди.
OhridNews