По сторијата на OhridNews за проблемите со уличното осветлување, надлежните служби на Општина Охрид започнаа со санација на дефектот на електричната мрежа на влезот од градот и по должината на булевар Туристичка.

Како што дознаваме, причина за проблемот бил дефект на електричен кабел.

Од локалната самоуправа најавуваат дека по решавање на проблемот наредниве денови на овој простор ќе бидат заменети сите прегорени улични светилки со нови. 

OhridNews

Охриѓани реагираат на уличното осветлување: Доста фрекфенти улици се наоѓаат во мрак