Инспекциските служби на општина Струга и ЕВН Македонија вчера започна акција за отстранување нa нелегално поставенитe приклучоци во Струга.

Целта е, како што информираат од општина Струга, да се стави крај на самоволието на сопствениците на импровизираните угостителски објекти кои без дозвола се приклучуваат на електро мрежата.

Акцијата која според најавите ќе продолжи и во текот на денешниот ден, се случува 5 месеци после трагичниот настан на плажата Галеб, кога тројца угледни граѓани на Струга ги загубија животите од струен удар на нелегален летен шанк.

OhridNews