Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен југозападен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 16 степени Целзиусови. Поради топлото време ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка на планините.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и се уште топло време. Попладне најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд.Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Потоа во наредните два дена ќе има саб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Стабилизација на времето се очекува во четврток, информира УХМР Македонија.
OhridNews












