Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.М. во соработка со Туристичките комори на Македонија и Хотелските асоцијации, од 17 до 19 јануари во Охрид ќе се одржи третиот Меѓународен саем за туризам.На Саемот ќе се презентира македонската туристичка понуда пред странските туроператори, а воедно ќе се организираат и непосредни средби меѓу нашите и странските туристички агенции.
Покрај туристичките можности на Саемот ќе бидат промовирани и македонските вина, а ќе се одржат и натпревари во гастрономија.
Во склоп на Саемот ќе се организира и Форум за туризам на тема „Македонскиот туристички производ во Светската туристичка понуда“. На 19 јануари странските туроператори ќе присуствуваат на манифестацијата Водици.












