По три месеци се уште не се знае кој го насипува Охридското Езеро кај Далјан
06.02.21 09:32
Истрагата за еколошкиот инцидент со насипување на Охридското Езеро со земја, што се случи во населбата Далјан од 11 ноември и натаму, барем официјално, е без епилог.
По објавата на информацијата од OhridNews, на терен излегоа надлежните општински и државни инспектори, а обемна истрага изврши и полицијата. Кој и со каква цел го насипува езерото во Далјан засега останува во сфертата на шпекулациите.
Овој еколошки инцидент се случува во период кога Охрид се бори да не биде ставен на Листата на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО, меѓу другото и поради уништивањето на крајбрежниот појас со незаконски градежни активности.
Засега најмногу на оваа тема зборуваат партиите и невладините организации. ВМРО ДПМНЕ бара одговорност за незаконските активности во Далјан кои, според паријата, го загрозуваат статусот на Охрид во УНЕСКО, за што опозиционерите вина гледаат во локалната власт.
Невладините организации пак, бараат целосно расветлување на случајот и санкции во согласност со законот за сторителите. Според нив принципот на неказнивост за ваквите дела, само ги охрабрува градежните моќници кои со децении безмилосно ги уништуваат вредностите поради кои Охрид е прогласен за светско културно и природно наследство.
Вчера во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од 57-годишно ли...
Секое поколение има свој испит пред историјата, а обврска на денешните генерации е со знаење, право, етика, единство и заслуги да ги оживотворат подвизите на претходниците, порача претседателката д...
Системот за безбедност во сообраќајот „Safe city“ на територијата на СВР Охрид која ги опфаќа општините Кичево, Дебрца, Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Охрид стапува целосно во функција на 12 окто...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.