Ќе започне во 18 часот со палење на василичарскиот оган на сред село и собирање на василичарите. Еден час подоцна се очекува василичарската група, предводена од зет, невеста, бајач, да тргне во посета на куќите.
Наредниот ден, на 14- ти јануари програмата ќе започне во 10 часот со припрема на традиционалното јадење варејнца. Во 17 часот се очекува да започне централната манифестација, при што ќе се врши и оценување на маските. Свој настап ќе имаат неколку фолклорни групи, како и групата Маестрал и Татјана Лазаревска. Главното дефиле на маските е предвидено во 20 часот.
Организаторите најавуваат голема народна веселба, проследена и со огномет и томбола.
Од Локалната самоуправа информираат дека испратени се покани до новинарите од неколку соседни земји. Засега своето присуство го имаат потврдено новинарите од Србија кои во Охрид ќе престојуваат и за празникот Водици.