По вчерашните протести кои ескалираа во повеќе Тузла, Сараево, Зеница, Мостар Бихач и други населени места, денеска во БиХ е мирно.

Противпожарните единици продолжуваат да ги санираат штетите на зградата на Претседателството на БиХ, која вчера беше мета на демонстрантите. Како што пренесува хрватски „Jutarnji“, во пожарот настрадало едно депо од босанскиот архив со вредни документи меѓу кои 40 000 досиеа, податоци на Комисијата за утврдување воени злосторници од Втората светска војна, како и копија од виенскиот архив.

Како што соопшти босанското Министерство за внатрешни работи на кантонот Сараево, во текот  вчерашниот ден повредени биле 144 полицајци и 37 цивили.

OhridNews

Фото: „Jutarnji“