Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, утрово го изврши второто авионско запрашување против комарци, предвидено за оваа година. Запрашувањето се одвиваше на површина од 1.500 хектари и тоа на крајбрежјето на потег од село Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци, пчеларите беа известени да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат сите потребни мерки за нивна заштита.
Препаратот со кој изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Во текот на минатиот месец надлежните спроведоа исто вакво запрашување во охридскиот регион и во општините Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново-Облешево
OhridNews