Зголемениот број на туристи за време на продолжениот викенд резултираше со оставено ѓубре во градското подрачје по концертите и настаните кои се одржуваат во Охрид.По ваквата ситуација општината активираше 24- часовно дежурство за чистење и подигање на отпад од најфреквентните локации во градот и чаршијата. Градоначалникот Константин Георгиески информираше за активностите кои ги презема службата.

Се подига отпад од потегот на поранешната касарна по одржаните концерти,секојдневно се уредува  зеленилото и цветните насади во централното градско подрачје,тековно се чисти и подига на отпад од плажите, миење на улици и останати јавни површини, чистење на обраснато зеленило во неколку села и населби, стои во објавата од градоначалникот.
ОhridNews