
“Политичката волја и активности за ставање на еколошките прашања како приоритет што ги прави македонската Влада имаат соодветен одговор и од албанска страна што дава основа дека прекуграничната соработка позитивно кулминира што е и добар знак како од еколошки така и од економско политички карактер важни за развој на регионот”- ни изјави државниот секретар во Министерството за животна средина Дејан Паноски.
На состанокот Комитетот излезе со неколку заклучоци кои во многу нешто ќе ја детерминираат иднината на соработката и одлуките во заштитата на езерото. Имено договорено е македонското искуство да и помогне на албанската страна во изготвување на апликација за добивање на статус на УНЕСКО и на албанскиот дел на езерото што позитивно ќе го промени односот кон заштитата. Договорена е конкретна заедничка грижа за појасите со трска како преостанат филтер на езерото, рече Паноски.

Од аспект на инфраструктурата албанската страна потврди дека колекторскиот систем на потегот Тусемисте -Поградец ќе биде изграден во март 2009 година. Исто така во однос на рибниот фонд албанската страна го усвои новиот закон за рибарство и го зајакна инспекцискиот надзор.Во таа насока издадени се 59 забрани за влез на пловни објекти во езерото, запленета е рибарска мрежа во должина од 1.5 километри што заедно со акцијата на македонската страна е позитивен пресврт.
На состанокот беше заклучено дека заштитата на Езерото е подигната на едно повисоко рамниште. Билатералната соработка е на највисоко ниво и треба да се искористи оваа позитивна аура за да се осигура континуираната заштита и квалитетното управување. Треба да го искористиме овој моменти да го сочуваме Охридското Езеро за идните генерации.
ohridnews












