Победа и пораз за охридските боксери на стартот од новиот шампионат. Првата рунда се одржа во Штип, а домаќин беше тимот на “Баргала“.


Најдобриот спортист во Охрид за 2012 година, Сашо Лескароски со лесна победа над Денис Мехмедовски од Битола ја започна одбрана на титула освоена минатата сезона.

Димитар Јованоски јуниор до 69 килограми претрпе несреќен пораз откако се здоби со повреда на носот. Во моментот на прекинот надежниот боксер Јованоски имаше водство на поени, но повредата го спречи со победа да го започне првенството.


Димитар Јованоски со Сашо Лескароски на отварањето од шампионатот.

Македонскиот репрезентативец Бојан Ристевски беше слободен во првото коло откако немаше соодветен противник во неговата категорија.

Мх.П.