Втора победа во низа забележа македонската машка репрезентација, а второ последователно реми одиграа дамите на Олимпијадата која се одржува во Будимпешта.

На женскиот олимписки турнир, македонските шахистки ремизираа 2-2 против Киргистан и со 6 меч поени се на 86 место.
Македонската машка шаховска репрезентација во 7 коло за противник ќе ја има Швајцарија, додека шахистките ќе играат против Тринидад и Тобаго.
На шаховската Олимпијада денеска е слободен ден, а 7 коло е на програмата в среда.
OhridNews










