Арсенал прокнижи нови три бодови, Ливерпул освои еден, а Евертон неочекувано изгуби на домашен терен во седмата рунда од Премиер лигата. „Топчиите“ рутински со 2-0 пред своите гледачи го решија Брајтон, додека Ливерпул ремизираше со Њукасл 1-1 на Сент Џејмс Парк, а најлошо од фаворитите мина Евертон кој претрпе пораз од Барнли 1-0.
„Карамелите“ од Евертон после поразот од Барнли паднаа на 16-та позиција, додека Арсенал со трите бодови се искачи на петтата позиција пред Ливерпул кој со бод помалку е на седмото место на табелата.
OhridNews