Македонската ракометна репрезентација успешно, со победа го мина првиот тест со селекцијата на Босна и Херецеговна победувајќи 28-24 (16-11) во подготвителниот период за престојниот Мундијал во Франција.
Избраниците на македонскиот селектор Лино Червар од почетокот до крајот доминираа во мечот кој се одигра во Кале и во ниту еден момент не им дозволија водство на гостите.
Македонија имаше осум голови предност на почетокот од вториот дел (20-12), но честата ротација и експериментите во нападот гостите ги искористија да ја преполоват негативата.
Во листата на стрелци во селекцијата на Македонија се истакна Дејан Манасков со осум голови, Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов реализираа по пет.
Кирил Колев и Благојче Трајкоски кои ги поделија минутите во првиот дел искомбинираа девет одбрани, додека Никола Митревски кој бранеше цело второ полувреме девет пати успешно интервенираше.
„Црвено жолтите“ против селекцијата на Босна и Херцеговина ќе одиграат уште два мечеви, но тие ќе бидат со затворен карактер без присуство на публика.
Фото: Gol.mk
OhridNews