Фудбалерот кој постигна постигна два од трите погодоци во триумфот на Охрид против Кадино (3-2), Александар Ѓорѓиески е вклучен во идеалниот тим за 14-та рунда во Втората лига.

Младиот Ѓоргиески два пати погоди со глава за водство од 2-0 односно 3-1 и беше еден од подобрите играчи на теренот.

Охриѓани со победата над Кадино побегнаа од последната позиција на табелата и најавија возбудлива фудбалска пролет во Охрид.

OhridNews

Головите од Охрид – Кадино: Пеколна контра, проектил од далечина…