Екипата на Палермо забележа нова победа во Серија Б, откако со 2-1 пред своите гледачи го совлада фенерџијата на табелата Про Верчели во 6-та рунда од шампионатот.
Третиот триумф во сезоната на Палермо го режираше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој два пати стрелаше прецизно во мрежата на гостите.
Популарниот „Несто-гол“ прво во 25-та минута ја анулираше предноста на гостите, а во 51-та погоди за водство кое на крајот се покажа доволно за победа.
Да биде се во знакот на Нестороски се погрижи самиот фудбалер кој во 85-та минута заработи втор жолт автоматски црвен картон.
Со новите три бодови Палермо се искачи на третата позиција и заостанува само еден бод од дуото Перуџа и Фросиноне на врвот.
OhridNews