Репрезентативецот на Македонија, Бојан Ристевски без борба стигна до победа против Висар Красниќи додека Сашо Лескароски и Димитар Јованоски немаа среќа во ждрепката и во четвртото коло беа слободни.


На крајот од колото ревијален бокс меч одиграа Илчо Јоноски со Александар Најдовски од Битола.


Повратникот во рингот Јоноски беше поздравен со громогласен аплауз, а натпреварот заврши без победник.


На останатите натпревар охридските љубители на боксот кои дојдоа во одличен број видоа интересни мечеви зачинети со неколку нокаути и борба до самиот крај.

Мх.П.