Бугарската селекција во ниту еден момет не беше рамноправен противник, а в.д селекторот Темелковски им даде шанса на сите ракометари да истрчаат на теренот.

По двете победи над Бугарија не очекува одлучувачкиот двомеч против селекцијата на Португалија.
За натпреварите со Португалија, на 17 и 20 Јануари во нашиот состав ќе се врати капитенот Кире Лазаров.
ЦД-то “скокаше“ за време на нашата химна ! !
При интонирањето на нашата химна “Денес над Македонија“ цд-то не беше “мирно“ по што мораше да биде прекинато. Тоа не и сметаше на публиката во салата во еден глас да ја испеа нашата химна.
Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на 11 -та загинати припадници на АРМ.










