Екипата на Болоња, вчера на сензационален начин со пресврт после негатива од 3-1 со 4-3 ја совлада Бреша и забележа нова победа во италијанската Серија А. На полувремето од дуелот на „Марио Ригамонти“ стадионот на фудбалерите им се јавил Синиша Михајловиќ кој во болница ја прима втората терапија после дијагностицираната леукемија и поделил совети како да го продолжат натпреварот.

Фудбалерите на специјален начин посетувајќи ја болницата и пеејќи песни му се заблагодарија на Михајловиќ за советите кои вродија со плод. Болоња успеа да победи и да остане вистински хит во новата сезона од Серија А. Гестот на фудбалерите наиде на воодушевување на целата светска јавност а да биде се` уште појако се погрижи Михајловиќ кој се појави на прозорец и ги поздрави своите пулени.

OhridNews