По двете победи во двата натпревари македонската футсал репрезентација се наоѓа на делба на 1.место во Ц -групата заедно со селекцијата на Грузија. Обете селекции собраа по 6 поени па утрешниот меѓусебен дуел ќе одлучи кој ќе патува на квалификациите во Полска.


Селекторот Скендеровски се соочува со бројни повреди по средбата со Естонија. – Задоволен сум од постигнатото но најважното допрва следува. Само победа против одличните грузијци не остава во игра. Повредени се Насковски, Ранготов и Петровски што ни прави дополнителни проблеми. Се надевам дека последните двајца ќе се опорават и ќе имаме поголем избор на играчи. Ги повикувам фановите да ни помогнат утре да ја оствариме целта – рече Скендеровски.

Натпреварот се игра во СРЦ Кале со почеток во 20.30ч.

Ohridnews