Европската куќа на ракометот (ЕХФ) не го награди премногу составот на Кил за убедливата победата 31-20 во Скопје кај актуелниот шампион Вардар. „Зебрите“, како никоја екипа последниве 4-5 сезони се прошета во СРЦ „Јане Сандански“ и на моќен начин стигна до победата.

ЕХФ го награди Никлас Лендин со петтата позиција во најдобрите пет одбрани. Данскиот чувар на мрежата имаше уште толку што слободно можеа да конкурираат за одбрана на сезоната не` на колото. Лендин кој беше човек на одлуката не беше вклучен во тимот на колото, што ги зачуди сите ракометни љубители. Да биде изборот трагикомичен ниту еден друг играч на Кил не се најде во идеалниот тим или пак изборот на најдобар гол.

Слична ваква жртва каква што е Кил бил и Вардар кога забележувал победи во големи дерби пресметки. ЕХФ се уште се нема изјаснато како и по кој критериум ги одбира најдобрите кои во најмала рака е дискутабилно.

Идеалниот тим:

Лево крило: Емил Јакобсен (ГОК)

Лев бек: Мухамед Суси (Монпеље)

Среден бек: Ајденас Малашинксас (Мотор Запорожје)

Десен бек: Гзим Салихи (Савеоф)

Десно крило: Хавиер Муњоз (Татран Прешов)

Пивот: Бен Банхиди (Пик Сегед)

Голман: Саид Хајдерирад (Динамо Букурешт)

OhridNews