„Играме со големо срце, не само денеска, за време на целиот престој во Литванија и поради тоа сметам дека го заслужуваме овој успех. Некогаш ви треба и малку среќа, но среќата ги следи храбрите. Многу ни е важна оваа победа затоа што знаеме дека целиот македонски народ денеска беше со нас и ја посакуваше. Ова е голема победа со која го честитаме големиот празник на Македонија“, заврши селекторот.
-Одигравме навистина тежок натпревар и остваривме уште една специјална победа. Специјална затоа што не носи до историското четвртфинале и затоа што се случува денеска, кога Македонија го слави Денот на независноста. Повторно сите одигравме одлично тимски и можеме да продолжиме така. За нас, веќе никој не е непобедлив. Ќе се одмориме кратко по оваа тешка победа, но ќе се вратиме повторно да се бориме со срце на теренот. Тоа срце и таа позитивна хемија во тимот, не носи до овие големи резултати“, вели капитенот Антиќ.