Водечкиот Јувентус, третопласираниот Наполи и Милан забележаа победи во 30-та рунда од Серија А. „Бјанконерите“ пред своите гледачи славеа против Парма 2-1, „азурите“ и „росонерите“ три бодови прокнижија на гостински терен совладувајќи ги Катанија 4-2 односно Фиорентина 2-0.
Резултати : Катанија – Наполи 2-4, Фиорентина – Милан 0-2, Јувентус – Парма 2-1, Аталанта – Ливорно 2-0, Калјари – Верона 1-0, Киево – Болоња 3-0, Џенова – Лацио 2-0, Сасуоло – Сампдорија 1-2.
Табела : Јувентус 81, Рома 67, Наполи 61, Фиорентина 51, Интер 47, Парма 47…
Мх.П.