Екипите на Металург и Динамо Минск забележаа победи на првиот ден од мечевите на јублејниот 40 ракометен турнир во Струга.

Металург беше подобар од романскиот Дадеман Бакау со 26-18, додека Динамо Минск го торпедираше домаќинот Струга со 38-11.

Резултати:
Динамо Минск – Струга 38-11
Металург – Дадеман Бакау26-18

 

Денес играат:
19.00 часот: Брест Мешков – Дадеман Бакау

20.30 часот: Данкерк – Динамо Минск