Единствениот македонец во Лигата Европа, Горан Попов со неговиот Динамо Киев го демолираа Бешикташ среде Истанбул победувајќи со 4-1.


Попов во игра влезе во 73 минута при резултат 3-1 за украинците. Мечот мина во знакот на Андреј Шевченко кој на два пати ја затресе противничката мрежа. Покрај него уште погодија  Вукојевиќ и Гушев од пенал, почесниот гол беше дело на Кварезма.

Твенте на минус 15 степени Целзиусови во Москва со 2:0 го победи Рубин Казан. Фармацевтите од Леверкузен со 4:0 во Харков го совладаа Металург,  додека во Брисел Андерлехт загуби од Ајакс со 1:3.

Предноста на домашниот терен во првиот натпревар ја искористија Лех, победа од 1:0 над Брага и Бенфика која со 2:1 го совлада Штутгарт.

 

Без победник завршија дуелите БАТЕ Борисов-ПСЖ 2:2 и Наполи-Виљареал 0:0