Ракометарите на Вардар прокнижија нови бодови на табелата победувајќи го Охрид во „Билјанини Извори“ со 35-23 (20-13) во 4-та рунда од плејофот во Супер лигата.


„Црвено црните“ со триумфот против „гладијаторите“ успешно со стопроцентен ефект ја заокружија трилогијата мечеви која започна Еурофарм Работник, а продолжи со битолски Пелистер.

Охриѓани на задоволство од публиката одлично со два голови го отворија мечот. Гостите возвратија со три за прво водство (3-2). Домаќините погодија два пати, а Вардар еднаш за 4-4 на семафорот по десет минути игра.


Избраниците на Раул Гонзалес Гутиерез уфрлија брзина погоре и со серија 3-0 се одлепија на 7-4. До 20-та минута предноста на „вардарци“ стигнаа до плус пет (13-8).

До крајот на првиот дел гостинските ракометари со голови од полу-контри и контри го зголемија водството на седум голови (20-13).


Почетокот од вториот дел не донесе некој позначајни резултатски промени во „Билјанини Извори“. Гостите со игра гол за гол ја одржуваа предноста од полувремето.

Во 45-та минута ракометарите на Вардар додадоа гас и го зголемија водството за дополните два голови (24-15).


„Црвено црните“ рутински го спроведоа мечот во мирна завршница и забележаа нова вкупно трета победа во мечевите од плејофот во Супер лигата.

Во охридскиот состав се истакна капитенот Крсте Андоновски со седум голови, додека кај Вардар најпрецизен беше Тимур Дибиров со девет погодоци.


„Гладијаторите“ во 5-та рунда ќе се сретнат со Пелистер во Битола, додека Вардар ќе ги одмери силите со Борец.

OhridNews