Ракометарите на Охрид забележаа убедлив триумф над екипата на Киндил од Фарските Острови 39:25 на отворањето на IV издание на турнирот што се игра во салата “Билјанини извори”.
Најефикасен на натпреварот беше Дејан Кукуловски со 5 постигнати гола, а воедно беше и прогласен за МВП на натпреварот.
Статистика ГРК Охрид:
Чаневски, Стрмљан 1, Ојлески, Иванковиќ 4, Кукуловски 5, Вејин 4, Шипинкоски 4, Трајчески 2, Ристески 1, Тасески 2, О. Реј 1, Савревски 1, Лиапис 4, Бојаниќ 2, Петриќ 4, Цирар 4, Џукиќ, Ѓорѓески.
Претходно на турнирот Вардар го совлада Динамо Панчево 29:27.
Утре (среда) ГРК Охрид од 21 часот се среќава со Партизан.
Г.М.