Македонскиот вицепрвак, Металург со брилијатна игра и победа над Чеховски Медведи 31-24 (15-10) се збогува од најемитното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони.


„Металурзите“ најдобро од себе го чуваа за крај и приредија вистински натпревар за уживање победувајќи го рускиот состав кој потфрли сезонава во Европа завршувајќи на последната позиција во групата.

Пулените на Лино Червар уште самиот старт со полетната игра најавија убави работи во ВИП Арената. Таквата игра им донесе предност пет голови после триесет минути игра (15-10).


Во вториот период ракометарите на Металург продолжија во исти ритам и ја уверија победата (31-24) за збогум од ЛШ.

Сезонава, Металург во групната фаза во ЛШ заврши на третата позиција после Монпеље и Ла Риоха.

Фото:Екипа.мк
OhridNews