Два волка успеале да побегнат денеска од своето живеалиште во Зоолошката градина, при што едниот бил застрелан, а другиот усепал да замине надвор од градината, јавува телевизијата „Тера“, пренесува „Макфакс“.
Едниот волк, како што за Тера изјави директорот на градината Коста Нешовски бил застрелан во обидот за бегство, а другиот заминал во шумата над Тумбе кафе.
Останатите два кои исто така биле сместени во живеалиштето, се префрлени во кафез.
Директорот Нешовски вели дека и нив не им е јасно како волците успеале да ја пробијат оградата.
За случајот ја известиле битолската полиција, а нивните чувари се во состојба на готовност и ги презеле сите безбедносни мерки.
OhridNews
извор: „Тера„ – „Макфакс“