Иако зимата календарски се уште е далеку, снегот веќе пристигна. По Шапка, Кораб и Пелистер, побелеа и врвовите на Јабланица и Галичица.
Побелеа врвовите на Јабланица
Снег засега има само на повисоките места, но веќе се чувствува осетен пад на дневните, а особено на утринските температутри кои почнаа да се спуштаат под нулата.
Снег падна и на Галичица
УХМР информира дека под влијание на нов влажен и топол воздушен бран од Медитеранот во текот на ноќва и утре ќе има врнежи од дожд.
На места врнежите ќе бидат пообилни, особено претпладне и се очекува локално да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.