Фудбалерите на Пари Сент Жермен, победувајќи го Олимпик Марсеј во францускиот Супер куп со 2-1 му го донесоа првиот трофеј на новиот тренер Маурицио Почетино. Аргентинскиот стручњак задоволен беше од победата и освоениот трофеј, најавувајќи, дека ова е само почеток на една успешна соработка.

Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот полека почнува да го прави она што го барам од него. Јас тренирам со ПСЖ скоро две недели, работиме многу. Ова е само почеток. Ние веруваме дека со текот на времето ќе можеме да ги зајакнеме нашите идеи и напредок. Сакам да се заблагодарам на управата на клубот, фудбалерите и мојот претходник, Томас Тухел, заедно со неговиот тренерски штаб. Благодарение на овие луѓе, имавме шанса да го освоиме Суперкупот. – изјави Почетино.

Трофејот од Супер купот во Франција е прв медал за Почетино како тренер иако во минатото стигнувал до финале во Лигата на Шампиони, англискиот Лига куп и најсторото клупско натпреварување ФА купот.

OhridNews