Првата рунда од новата сезона во Првата кошаркарска лига во Македонија помина без поголеми изненадувања. Домаќините освоија поголем дел од бодовите победувајќи на три од четирите мечеви.
Гостинската честа во премиерното прво коло ја одбрани Фени Индустри кој со 66-63 го совлада Кожув во Гевгелија.
Победи на домашен терен забележаа АВ Охрид, Струмица и Работнички кои подобри беа од Пелистер, Куманово и Вардар.
Резултати: Струмица – Вардар 64-57, АВ Охрид – Пелистер 73-61, Работнички – Куманово 89-52, Кожув – Фени Индустри 63-66.
Двојки 2.коло: Вардар – Пелистер, Струмица – Работнички, Фени Индустри – АВ Охрид, Куманово – Кожув.
OhridNews