Македонската ракометна репрезентација со триумф над Словенија 25-24 (11-11) во фантастичен и до крај неизвесен натпревар го започна своето петто учество на Европските првенства. „Црвено жолтите“ со оваа победа ставија точка на црната серија против словенците и ги запишаа првите бодови на табелата во Ц групата.

На почетокот од натпреварот двете селекции постигна по два погодоци за 2-2 на семафорот во загребската „Арена“. Словенија со три погодоци во серија стигна 5-2, а таа предност ја одржуваше до 25-та минута.

„Црвено жолтите“ после минутата одмор на селекторот Раул Гонзалес ја анулираа предноста на Словенија и на одмор двете селекции замина со 11 постигнати голови.

На стартот од второто полувреме Македонија постигна четири голови и поведе со највисоки (15-11). Словенците се созедоа и стигнаа до егал 17-17.

Од тој момент до крајот на мечот се играше гол за гол. Пулените на Раул Гонзалес водеа до 20-19, а потоа водството го презеде Словенија која ведеше до 24-23.

Македонија со мини серија стекна гол предност (25-24). Во финалните стотина секунди ниту една од двете селекции не ја погоди мрежата, а тоа отиде во прилог на „црвено жолтите“ кои победија и широко си ги отворија вратите за пласман во главната фаза.

Најдобриот меч во дресот на Македонија го одигра Дејан Манасков кој реализираше осум погодоци. Капитенот Кирил Лазаров броеше до 7, а два постигнаа Филип Лазаров и Гоце Георгиевски.

Во следната втората рунда Македонија ќе се сретне со Црна Гора која изгуби од Германија (32-19) во премиерниот меч од Ц групата.

Фото: Гол.мк
OhridNews