На скопската клиника денес почина четиригодишното дете кое беше нападнато од неколку кучиња во кичевско. Детето беше на апарати за дишење и три дена беше во критична и животозагрозувачка состојба. По нападот од глутница кучиња било однесено во болницата во Кичево, каде поради сериозноста на повредите, детето итно беше префрлено во Ургентниот центар во Скопје.
Операцијата за санирање на тешките повреди траела повеќе од 4 часа и лекарите морале да го извадат едниот бубрег како и слезината, по што беше приклучено на апарати за дишење.
OhridNews