Во 89-та година од животот, почина истакнатиот поет и академик Матеја Матевски.
Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радио-телевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми.
Бил генерален директор на Радио-телевизија Скопје, членувал во Друштво на писатели. Тој бил претседател на МАНУ од 2001 до 2004 година. Академик Матевски е единствениот добитник на највисокото признание за литература „Премио медитерано пер литература 2005“.
На јубилејното 50. издание на Струшките вечери на поезијата во 2011 година го доби „Златниот венец“. Автор е на стихозбирките: „Круг“, „Липа“, „Црна Кула“, „Перуника“, „Дождови“, „Раѓање на трагедијата“, „Завевање“, „Внатрешен предел“, „Мртвица“.
Матевски ќе биде погребан утре во 12 часот на Градските гробишта во Бутел во Скопје.
OhridNews